KAN GYM фитнес и бодибилдинг клуб нуди можност за рекреација и спортување за сите оние кои преку континуирано телесно вежбање сакаат да вложат во своето здравје. Клубот располага со комплетна програма на фитнес и кардио справи во модерно уреден простор, природно осветлен и проветрен (не е подрум или скривница). Тренинзите ги води инструктор (професор по физичка култура) задолжен за изработување на програмите за тренинг, надзор на техниката на вежбање и совети за правилна исхрана и тренирање.
Еве еден дел од тренинзите што може да се работа во клубот:

РЕКРЕАЦИЈА

♦ Подобрување на мускулна сила (тренинзи за добивање мускулна маса)
♦ Подобрување мускулна издржливост
♦ Подобрување кардиореспираторна издржливост
♦ Подобрување флексибилност
♦ Тренинзи за слабеење, редуцирање масно ткиво

СПОРТ

Припрема на спортистите или програмиран тренинг за подобрување на одредена моторичка способност (мускулна сила, издржливост, брзина) специфична за дадениот спорт.

ТЕРАПИЈА

Специфични терапевтски тренинзи за враќање на атрофираната мускулатура и подобрување на намалената кондиција како последица како последица на хируршки зафат или повреда

ПЕРСОНАЛНИ ТРЕНИНЗИ

Целосна контрола и работа со тренер кој на секој тренинг ги одредува и презентира типот, фреквенцијата и интензитетот на вежбите преку претходно изработена програма за тренинг според желбата на клиентот и неговата моментална физичка спремност. Резултат на сето тоа е побрз ефект, поголема мотивација за вежбање и немање можност за претренирање.

КАН ЏИМ

Kлубот започна со работа во 1999 година и од тогаш работи непрекинато со исклчителен стручен пристап во тренажниот процес.