Најважната работа во вашата програма на вежбање во претстојниот период се комплексните вежби, а некои од нив се чучнувањето, склековите, исечекорот, стомачните. Сите тие активираат голема група на мускули како што се на нозете, стомакот градите и грбот. Тајната е во тоа што компексните вежби за време на контракцијата на мускулите согоруваат големо количество енергија, што е и главен предуслов за намалување на телесната маса.

– Бранко Десковски, професор по физичка култура